Спречен шверц на 1250 штеки цигари во скопско Радишани

Од:

На 14 октомври 2016 година, околу 19:30 часот, при редовна царинска контрола во внатрешноста на територијата на Република Македонија, поточно во населбата Радишани-Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги, забележале патничко моторно возило „Volkswagen“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Ќ. од Скопје. Обидот да се запре возилото со помош на звучна и светлосна сигнализација бил неуспешен. Возилото продолжило да се движи и со нагло свртување на лево била предизвикана сообраќајна незгода со друго возило. И покрај предизвиканата сообраќајна незгода, лицето напуштајќи го патот продолжило да вози низ околните ниви во правец кон Радишани и по кратко време го запрело возилото, излегло од него и се дало во бегство.

Истото било следено, совладано и лишено од слобода од страна на инспекторите од Одделението за истраги. При првичната контрола на возилото на лице место била забележана поголема количина на цигари без акцизни маркици. Возилото било пренесено во просториите на Царинската управа заради вршење на детален преглед. При прегледот било забележано дека задните седишта од возилото се извадени и целата внатрешност од возилото и багажниот простор биле натоварени со 1250 штеки цигари (850 штеки „Монте Царло“, 400 штеки „Бентон“).

Сторителот е лишен од слобода и против истиот Царинската управа ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, за сторено кривично дело „Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ казниво по член 59 став 1 од Законот за акцизите.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа