Спречен пожар од заборавен шпорет во Велес

Од:

Чад од заклучен стан поради заборавен вклучен шпорет вчера ги исплашил жителите на една велешка зграда кои ги алармирале пожарникарите да интервенираат.

Регионалниот Центар за управување со кризи Велес, информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес, вчера во период од 13:10 до 13:45 часот интервенирале по пријава дека од заклучен стан чади. Тие брзо дејствувале, ја отвориле вратата и установено е дека сопственикот го заборавил шпоретот вклучен. Сопственикот е пронајден и дошол на лице место. Штети немало направено, интервенирано е на време. На терен биле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие во државата се уште има пожари на вегетација на отворено и има запалени оџаци.

ЦУК соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1.819 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,41%, а 59,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,51%, кон Итната медицинска помош 50,51%, а кон пожарникарите 3,29%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,61% со другите 59,59% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 981 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање.

Би можело да ве интересира

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес