Спречен обид за шверц на 24 килограми марихуана

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Табановце синоќа спречиле обид за шверц на 24 килограми марихуана.

Како што соопшти денеска Царинската управа на Македонија, синоќа  22:45 часот на излез од Македонија на граничен премин Табановце се пријавило патничко моторно возило со шведски регистарски таблици управувано од албански државјанин со иницијали А. Г. На прашање од царинскиот службеник дали има нешто да пријави, лицето одговорило дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа царинскиот службеник започнал со контрола на возилото и личен претрес. При прегледот, царинскиот службеник забележал дека на подот од возилото има специјално направен бункер, каде се пронајдени 47 пакувања наполнети со зелена тревкаста материја со тежина од околу 24 килограми. По извршеното тестирање со тестер за дрога, утврдено е дека станува збор за марихуана.

Од спроведената предистражна постапка, информира Царината, собрани се докази кои укажуваат дека осомиченото лице поради нерасчистени финансиски долгови кон друго лице државјанин на Албанија, се согласило со своето возило да пренесе 24 килограми марихуана од Албанија за Шведска. Марихуаната била сокриена од нарачателот на транспортот во специјално направениот бункер во возилото и предадено на осомничениот за да ја пренесе до западно-европскиот пазар.

Во тек е вештачење на дрогата по наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово. По комлетирање на сите докази Царинската управа најавува дека против сторителот, ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство. Сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на фирма во Зелениково