Справувањето со пандемијата во фокусот на Светскиот ден на науката за мир и развој

Од:

По повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на онлајн-одбележување, поради пандемијата, ги соопшти добитниците на традиционалните годишни награди за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2019 година, кои се доделуваат по пат на конкурс.

Според Одборот кој избираше од пристигнатите кандидатири за наградите за врвни резултати во научно-истражувачката дејност, добитници за минатата година се: проф. д-р Зоран Гучев од Медицинскиот факултет – за најдобар научник од медицинските науки; проф. д-р Кирил Сотировски од Шумарскиот факултет во областа на земјоделските науки; проф. д-р Сузана Топузовски од Институтот за физика при ПМФ од областа на природноматематичките науки; проф д-р Трена Јорданоска од Факултетот за музичка уметност – за најдобар научник во областа на хуманистичките науки и проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска од Економскиот факултет во областа на општествените науки, а во категоријата најдобар уметник за 2019 награден е виолинистот проф. м-р Љубиша Кировски од Факултетот за музичка уметност.

Наградените најдобри научници во минатата година ги сопшти ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, кој им посака и натаму научно да творат за своја и за афирмација на Универзитетот.

Темата од УНЕСКО за одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој годинава е „Наука ЗА и СО општеството за справување со глобалната пандемија“. На отворањето на онлајн-настанот што го организираше УКИМ, ректорот Јанкуловски истакна дека во текот на оваа досега невидена здравствена криза, УНЕСКО се обидува да ја приближи науката до општеството и да ги зајакне меѓународно научните соработки кои се премногу потребни.

– Од аспект на науката, одговорот на УНЕСКО на КОВИД-19 е структуриран околу три главни столба – унапредување на меѓународната научна соработка, обезбедување пристап до вода и поддршка на еколошката реконструкција. УНЕСКО смета дека за справување со пандемијата императив е да се зајакне меѓународната и националната научна соработка, како и дијалогот помеѓу научниците, креаторите на политики, приватните практичари, индустриите и здравствените работници, граѓанското општество и јавноста воопштио. Ова бара отворен пристап до научните знаења и вештините, како и споделување на податоците и политиките базирани на докази и итна транзиција кон отворената наука на глобално ниво, истакна Јанкуловски.

Одбележуваето на Светскиот ден на науката за мир и развој продолжи со трибина на тема – Отворена наука (Open Science) во согласност со годинашната тема од УНЕСКО, со предавачите проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот на Монтреал, Канада, и проф.д-р Владимир Трајковиќ од Скопскиот универзитет.

Идејата за отворена наука е визија на Европската комисија за градење инфраструктура за Европски облак на отворена наука (European Open Science Cloud (EOSC)), кој би требало да стане реалност во 2021 година, како виртуелна средина за сите истражувачи да може да чуваат, управуваат, анализираат и повторно да користат податоци за истражувачки, иновативни и образовни цели.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот