Спортски натпревари по повод Денот на АРМ

Од:

Двесте и педесет припадници на  АРМ ќе учествуваат во финалните спортски натпревари, што беа отворени денеска, како дел од програмата за одбележување на Денот на АРМ – 18 Август. Во досегашните натпреварувања кои се одржаа во сите гарнизони на АРМ низ државава учествуваа над 1.500 припадници.

– Спортот е значаен фактор во армиската обука и физичката подготвеност, но и во развивањето на натпреварувачкиот дух кој придонесува за подобро извршување на армиските борбени задачи, истакна на отворањето на игрите заменик-началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини.

Спортските натпревари традиционално се одржуваат секоја година во рамки на одбележување Денот на АРМ. На најуспешната единица на свеченото постројување за Денот на Армијата, кое оваа година ќе биде на 17 август, ќе и се додели преоден пехар, а најуспешните екипи и спортисти ќе добијат пригодни награди.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он