Спортската сала во Битола ќе го носи името „Боро Чурлевски“

Од:

Спортската сала во Битола ќе го носи името на еден од битолските ракометни великани. На денешната 16-та седница на Советот на Општина Битола, координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски, предложи како точка на дневен ред да се стави и Иницијатива за промена на името на Спортската сала „Младост“ во „Боро Чурлевски“. Истата беше додадена во дневниот ред и едногласно усвоена од страна на битолските советници.

Битолската ракометна легенда, Боро Чурлевски, најголемите свои спортски успеси ги постигна токму во Спортската сала „Младост“. Ракометната кариера ја започна како иргач на „Пелистер“ во 1984, во златните години на тогашниот ракомет, кога „Пелистер“ беше три пати вицешампион на Југославија. Кариерата ја заврши како тренер на РК „Прилеп“, а почина во 2014 година. Беше миленик на битолската публика, која на секој натпревар го скандираше неговото име.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките