Спортската сала „Младост“ во Гостивар остана без струја заради неплатени сметки

Од:

Спортската сала „Младост“ во Гостивар од денес е без снабдување со електрична енергија, откако ЕВН ги исклучи од напојувањето заради неплатени сметки. Од општината обвинуваат дека причината која довела до ова е одлуката на мнозинството во советот да не се префлат пари на јавното претпријатие кое стопанисува со салата.

Од општина Гостивар во соопштението до јавноста наведуваат дека одлуката на мнозинството членови на Советот на Општината, на последната петта седница гласаше против доделување на субвенции на ЈПССО „Риниа“ директно влијаело врз исходот.

– Претходното раководство создаде огромни неподмирени обврски кон ЕВН, за потрошена електрична енергија и во ова претпријатие. И покрај тоа што самите се одговорни за создадената ситуација, советниците на ДУИ и нивните партнери СДСМ, НДП и ДСР гласаа против предлог-одлуката за доделување на субвенции во висина од 500.000 денари. Тие пари беа наменети за плаќање на трошоците за поторошена електрична енергија. Токму заради тоа, како последица, ЕВН им ја исклучи струјата и салата остана во мрак, стои во соопштението од општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари