Спомен плоча во чест на ранетите борци Македонци и Грци припадници на ДАГ

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска пред Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново ќе присуствува на свеченото поставување спомен плоча во чест на ранетите борци Македонци и Грци припадници на Демократската армија на Грција (ДАГ), учесници во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Настанот е во организација на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА Велес и Сојузот на Македонците од Егејот-МАКЕДОН.

Пред спомен-обележјето во Јасеново цвеќе ќе положат делегации на ЅВЕЗДА, МАКЕДОН и Светскиот македонски конгрес.

Би можело да ве интересира

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он