Спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“ во Битола

Од:

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и амбасадорот на државата Израел во Република Македонија, Дан Оријан ќе откријат спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“ во овој град.

Од општина Битола денеска информираа дека со оваа активност локалната самоуправа дава директен придонес во одбележувањето на 20.годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Израел.

– В недела во градскиот парк во Битола, градоначалникот Талески и амбасадорот Оријан ќе откријат спомен плоча и ќе засадат дрво на пријателство и мирот. Посебни гости на настанот ќе бидат членовите на Националниот театар „Хабима“ и театар „Камери“ од Тел Авив кои во Битола ќе ја изведат заедничката копродукциска претстава „Нашиот клас“, како и новинари и публицисти од САД и Израел кои викендов ќе престојуваат во нашиот град, информираа од секторот за односи со јавност на општина Битола.

Претставата „Нашиот клас“ од Тадеус Слободјанек, освен во Битола ќе биде изведена во Охрид и Скопје, а потоа и на неколку театарски сцени во Албанија, Црна Гора и Србија. Тоа е проект поддржан од министерствата за култура и надворешни работи на државите од Балканот и Израел, потврдија од општина Битола, организатор на летниот фестивал „БитФест“.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција