А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Спојувањето на СЈО во ЈО е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, но не и предлогот Русковска да го води обвинителството

by А1он20/07/2019 - 14:46493
Share0

Спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо и тоа е една од оние можности кои што биле понудени, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој одговарајќи на новинарско прашање за новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, смета дека деталите треба да бидат анализирани, а потоа од партијата ќе излезат со конкретни забелешки.

Во однос на предлогот на премиерот Зоран Заев, обвинителката Вилма Русковска да раководи со обвинителството, Арсовски рече дека дека ваквата идеја за нив е далеку од прифатлива.

„Зоран Заев со предлогот уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и ‘Русковска обвнителството’. Тој уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично бил дел од селективната правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на Владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело. Сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев, беа обвинувани и осудувани од страна на Русковска и Кацарска. Затоа, тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива“, изјави Арсовски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој смета дека со предлог-законот се потврдува оти СЈО е полно со криминал и корупција, и не може да одговори на висината на задачата за која што било создадено.

Арсовски додаде дека ќе продолжат да инсистираат на датум за предвремени парламентарни избори.

dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:47

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео