СПМ: Османи треба да си оди, да се одржат итни парламентарни избори

Од:

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Република Македонија нема министер за надворешни работи кој треба да ги штити интересите на држвата која ја претставува.

„Актуелниот министер Бујар Османи постојано потврдува дека работи против интересите на Македонија. Неговите настапи се неубедливи, недржавнички и без смисла. Се залага за албанизација на државата Македонија и за признавање и штитење на интересите на други држави во меѓународни рамки.

Како да се објасни дека денес се сретна и разговараше со претставници на бугарски декларирани граѓани од Македонија, како да се тие посебен државен фактор. Кого го претставуваат овие самодекларирани Бугари, кои се финансирани од сомнителни и непознати извори на пари. Како да ги поттикнува да се бугаризираат што повеќе граѓани, оти нели, се исплати да си со новокомпонираното „бугарско самочувство“. Со тоа Османи работи против интересите на мнозинскиот народ во Македонија“, велат од СПМ.

„Наспроти тоа не обрнува внимание за Македонците во Бугарија кои се репресирани, се забрануваат нивни активности и клубови, а тој не реагира. Не го осудува однесувањето на граѓани, на институции и поединци од Бугарија кои ги разгоруваат империјаните амбиции на оваа држава што се насочени против Макодонија.

Однесување на мнр Османи не базира на незнаење. Иако не е стручен за работата што ја работи, овој абдоминален хирург, со неговото однесување прави резови во утробата на македонските граѓани. Станува лик кој не е прифатлив за македонските граѓани заради активностите што ги прави.

Неговата позиција и однос и во самото министерство е несфатлива. Не ги почитува протоколите, врши мобинг врз вработените и нивните права. Тој ја злоупотребува положбата за лични цели и користи службени возила за партиски и приватни цели.

Како министер го посети тепаниот граѓанин со бугарска смосвест и покажа дека нема интерес за македонските граѓани во Бугарија и за нивните интереси и политики.

Како претседавач со ОБСЕ е насочен само кон воениот судир и не ги согледува другите проблеми во државите на оваа организација.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека Османи треба да си оди како и целата влада и да се одржат итни парламентарни избори на кои ќе се изберат одговорни министри кои ќе работат во интерес на државата Македонија“, се наведува во соопштението на СПМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне