Списоците со затвореници за помилување не се стигнати до Пендаровски

Од:

Финалните списоци со затвореници за кои е предложено помилување до Министерството за правда, не се доставени до Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Оттаму не знаат дали на листите се бизнисменот Сеад Кочан, Александар Василевски-Нинџа кој е осуден за упадот на „27 април“ и Бобан Илиќ, осуден за прегазувањето на малиот Алмир.

„Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерството за правда со предлозите за групното помилување. Јавноста како и секогаш ќе ја информираме веднаш кога ќе се донесат одлуките“, велат од претседателскиот Кабинет.

Од Министерството за правда, засега има потврда само дека до нив е пристигнат предлог од затворите за шестмесечно намалување на казната за бизнисменот Сеад Кочан. Оттаму, нема одговор, дали за помилување е предложен и Василевски-Нинџа, како и Бобан Илиќ.

Комисијата за помилување на Пендаровски ја сочинуваат Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска. За претседател е именувана Уранија Пировска.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го помилува Ден Вилсон, учесник во немирите во Капитол во 2021 година

Вучиќ ги помилува активистите на СНП осомничени за тепање на неколку студенти во Нови Сад

Горан Наумовски

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

А1он

Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

А1он

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови