(ВИДЕО) Кавга помеѓу пленумците и Спировски: Ти не си легитимен претставник на студентите

Од:

Жестока кавга се случуваше пред Ректоратот на УКИМ откако претседателот на Студентскиот парламент со поминат мандат, Кирил Спировски се појави пред членовите на Студентскиот пленум кои од утрово ги блокираат просториите на Ректоратот.

Студентите го прашаа Спировски како планира да гласа со мандат кој е поминат пред две години, обвинувајќи дека тој е нелегитимен, на што тој одговори дека е легитимен и мандатот не му е поминат.

– Кога сте последен пат избрани на избори? Со нелегитимни тела нема состаноци, рекоа студентите.

Спировски ги повика претставниците на Студенстскиот пленум на разговори, на што тие одговорија дека со нелегитимни претставници нема што да зборуваат.

– Може само со ректорот да зборуваме и да се договориме под кои услови може да се одржи средба. Во моментот зборуваме со фантом. Го покануваме ректорот да дојде и да не испраќа нелегитимни студенти тука, рекоа пленумците.

Студентите од Студентскиот пленум и од неколку студентски младински организации порачуваат дека додека е потребно ќе останат пред ректорската зграда и ќе блокираат, за да оневозможат да се одржи седницата.

Студентите бараат да се исклучат десетте гласа од претставници на Студентскиот парламент од процесот на гласање за нов ректор или да се одложат изборите додека не се изберат нови, легитимни претставници на студентите.

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата