Специјализантите стоматолози бараат да им се исплати надоместот од септември досега

Од:

Четириесет специјализанти по стоматологија кои приватно го плаќаат школувањето не го добиле ветениот паричен надомест уште од септември годинава, и покрај тоа што редовно ги извршуваат работните обврски во Стоматолошкиот клинички центар.

– Нашите барања за месечен паричен надомест не се реализирани.Сакаме да потсетиме на изјавата на министерот за здравство во која вели дека септемвриската плата се прима во октомври, но денеска е 10 декември, а ние се уште немаме видено ниту потпишано договори за истото. Ние не сме субјект за манипулација и бараме да бидеме почитувани согласно нашиот придонес. Цело време телефонираме во министерствата за здравство и за финансии, во Фондот за здравствено осигурување. Одговорите се „ние потпишавме, другото министерство е одговорно за вас“, „се прават нови списоци“, „се менуваат списоците“, изјави доктор Милан Ацевски, специјализант на одделот за болести на устата и парадонтот при Стоматолошкиот клинички центар.

Посочи дека немаат конкретен одговор и затоа одлучиле да ја запознаат јавноста дека иако доаѓаат секој ден ништо не добиле за возврат.

– На списокот сме 43, а добивме информација дека во новиот список за исплата се ставени 40 специјализанти. Доаѓаме и прва и втора смена на работа. Имаме и дополнителни патни трошоци. Некои од нас доаѓаат и од други градови. Изреволтирани сме од односот на министерствата, на сите субјекти бидејќи не третираат како деца, а ние сме возраст. Си играат играчки со нас. Немаме информација го каде се договорите и реализацијата на ветеното. Ова е последна шанса да се разбереме со надлежните институции, а потоа дополнително ќе известиме за нашите натамошни чекори кои верувам дека би требало да бидат малку порадикални, додаде Ацевски.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти