Специјален сообраќаен режим во центарот на Скопје

Од:

Поради посетата на Папата Франциск денеска сообраќајот во Скопје ќе се одвива по специјален сообраќаен режим како и траси на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, утрово од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. Сите возила ќе бидат пренасочени на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да може непречено да се движат.

-Во овој временски период ќе се формира „рестриктивна зона“ на движење. За автомобили целосно ќе бидат затворени следните улици: 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците „Димитрие Чуповски“, „Даме Груев“, „Македонија“, „Васил Главинов“, „Филип 2 Македонски“, „Св. Климент Охридски“ (адвокатска) и „Иљо Војвода“, појаснуваат од ЈСП.

Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата се следните: булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“ од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со булевар „Борис Трајковски“, улицата „Св. Кирил и Методиј“, булеварите „Св. Климент Охридски“, Партизански одреди, „Гоце Делчев“ и улицата Самоилова.

Од 5 до 19 часот автобусите на ЈСП ќе возат по посебен режим на сообраќај. Поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, ќе возат по изменети траси од вообичаените, а линиите 3, 3Б, 4А, 25 и 35 воопшто нема да сообраќаат. Нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

Посебни сообраќајни правила на движење на автомобили ќе има и на трасата од Меѓународниот аеродром – Скопје до централното градско подрачје на Скопје. Утринава од 7:30 до 9 часот и од 17 до 18:30 часот, сообраќајот по бул. „Александар Македонски“ од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.

На трасата Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци – Идризово – Маџари. На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци (кај Рафинеријата), сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.

За време на апостолската посета на папата Франциск движењето во централното градско подрачје (познато како „Мал ринг“) за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Сите граѓани што ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 до 19 часот на 7 мај ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.

Во зоната „Мал ринг“ ќе се пристапува преку осум влеза на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:

– Влез кај Управен суд на улица Орце Николов

– Влез кај хотел „Мериот“ на улица Максим Горки

– Влез кај кафе „Тренд“ на улица Димитрие Чуповски

– Влез кај Министерството за финансии на улица Даме Груев

– Влез кај Завод за статистика на улица Даме Груев

– Влез кај Пелагонија на улица Димитрие Чуповски

– Влез кај порта „Македонија“ на улица 11 Октомври

– Влез на предната страна од ГТЦ кон плоштад

Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот „13 Ноември“ од двете страни на реката.

Сите граѓани што живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за каде што е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона.

Целосна интерактивна мапа од посетата можете да ја видите на следната интернет врска –https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1s3pH9_P_eLfWft6MceurZzGeZmvvxmh6&ll=41.99551418332732%2C21.43057529777684&z=15

Целосните промени и правила на движење можете да ги видите на следната интернет врска – https://papa.mk/soobrakjaj/

Целосните промени за движење на автобусите во јавниот градски превоз можете да ги видите на следната интернет врска – http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=912 .

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска