Специјалци на Шар Планина фатија бегалец од затвор осуден на 15 години за убиство и поседување оружје

Од:

Полициски специјалци попладнево на Шар Планина привеле бегалец од затвор осуден на 15-годишна казна, кој има за доиздржување девет години од казната, изречена за убиство и за држење поголемо количество огнено оружје, соопшти МВР.

30-годишниот Ј.Џ. бил фатен на планински пат во тетовско, над неговото родно село Ѓермо.

„Денеска (19.11.2020) во 16:00 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги и Единицата за специјални задачи на планинскиот пат над село Ѓермо-тетовско го приведоа Ј.Џ. (30) од
с. Ѓермо по распишана потерница поради бегство од затвор во врска со чл.123 ст.2 и чл.396 ст.2 од КЗ на РСМ. Ј.Џ. е осуден на 15 години казна затвор, а за доиздржување има девет години,“ велат од МВР.

Бегалецот ќе биде спроведен во казнено-поправна установа, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Починат планинар пронајден на Шар Планина

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он