А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СПЕ при МПЦ-ОА: Да се расветли случајот со сквернавењето гробови во Љуботен

by А1он12/07/2017 - 14:28350
Share0

Скопската православна епрахија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, денеска преку соопштение најостро го осуди вандалскиот и антихристијански чин на сквернавење на православните гробови во с. Љуботен, Скопско.

Добивај вести на вибер

Од канцеларијата на Скопската православна епархија ги повикуваат надлежните институции, во прв ред Министерството за внатрешни работи, најитно да го расветлат случајот и да ги пронајдат сторителите на овој грозоморен чин и да ги изнесат пред лицето на правдата.

– Апелираме до сите граѓани, особено до православните верници, да нѐ избрзуваат со заклучоците и осудите и да не ја земаат правдата во своите раце, туку да се остават институциите да ги пронајдат вандалите. Ваквото дело го сметаме како кукавички чин, па затоа да останеме трезвени и да не подлегнуваме на провокации, туку да ги зачуваме присебноста, мирот и маѓуетничката и меѓуверска кохезија, стои во соопштението.

Од Скопската православна епархија наведуваат дека очекуваат од Исламската верска заедница и другите верски заедници, од државните институции и дипломатските претставници во земјава – да го осудат овој чин на уништување на православните гробови и да се заложат за што побрзо расветлување на истиот.

– Се прашуваме – дали односот кон покојните православни христијани, е порака и кон живите?! Дотолку повеќе што овој чин на директен атак врз православното наследство и вредностите предизвика кај некого повод за „рафално“ славење, а доаѓа и по едно веќе сторено антиверско дело со осквернувањето на православното крстно спомен-одбележје во населбата Бутел. А, впрочем, и да не ги спомнуваме и многуте други слични настани од поблиското и подалечното минато. Кој има уши – ќе слушне!, стои во соопштението од канцеларијата на Скопската православна епархија.

mpcspe

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Катерина Ѓуровски13/07/2025 - 12:27

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски12/06/2025 - 12:1712/06/2025 - 12:31

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 21:47

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ09/05/2025 - 18:0709/05/2025 - 18:11

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 08:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен