Спасувачка акција на Попова Шапка: двајца повредени, со квадрицикл излетале во провалија

Од:

Две лица со „четвороцикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во провалија, при што се здобиле со повреди, а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира вечерва Центарот за управување со кризи.

Несреќата била пријавена во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „четвороцикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „четвороцикл“, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале.

Од ЦУК истакнуваат дека веднаш биле извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите.

-Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница, се наведува во информацијата од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on

Откриена кражба на струја од над 22.000 евра на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без застои

Горан Наумовски

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка