Спасовски: Законот за ЈО ќе овозможи сите граѓани да бидат еднакви пред правдата

Од:

Премиерот Оливер Спасовски вели дека донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не е услов за почеток на преговори на земјава во Европската Унија, но оти тоа е позитивен аргумент за да се види напредок во реформските процеси.

Со овој закон, како што рече, ќе се овозможи воспоставување на правната држава и ќе се обезбеди еднаквост пред правдата за сите граѓани.

“Ако една од клучните работи е борбата против криминалот и корупцијата, едно од клучните барања на ЕУ во сите извештаи до сега е дека треба да ги јакнеме капацитетите тоа е повеќе од потребно овој закон мораше да биде донесен”, вели Спасовски.

Тој додава дека во Законот за ЈО може да се види дека нема простор за никакви скриени амнестии, заштита на било кој, туку, како што вели, напротив се отвора чиста позиција на ЈО да води постапки за секој еден криминал што ќе биде направен.

Во врска со измените што беа направени пред неговото донесување премиерот Спасовски вели дека тие биле направени за да се подобри текстот, а не да се направиме состојба во која што некој ќе биде амнестиран или во која ќе се создадат услови некој да не одговара за некое кривично дело.

“И тоа е разликата помеѓу оваа Влада, односно парламентарното мнозинство и парламентарната опозиција.

Барањето на парламентарната опозиција беше да се овозможи преку овој закон одредени функционери за коишто се водат постапки практично да се затворат нивните постапки и на тој начин да нема одговорност.

Тука е тоа клучната разлика заради тоа премногу време потрошивме, изгубивме на креирањето на овој законски текст, меѓутоа сметавме дека нема можност за отстапување и за приговори кога се работи за борбата против криминал”, рече премиерот Спасовски.

Тој вели дека во сите земји се случува некои претставници на институциите или на власта да се вмешаат во криминал, но оти клучно прашање е дали тој за тоа ќе одговара и колку државата е подготвена да се бори со криминалот и корупцијата.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами