Спасовски во посета на полициските станици во Струга и Дебар

Од:

Намалено ниво на криминал и зголемена ефикасност кај полицијата е оценката од денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со претставници на Секторот за внатрешни работи – Охрид, што се одржа во Полициската станица во Струга.

–  Очекувам дека тој тренд треба да го негуваме сите заеднички. За тоа ќе треба соработка и од граѓаните, но и добра работа од страна на полицијата. Пред се полицајците мора да бидат во функција и во остварувањето на интересите на граѓаните, а сите ние да им помогнеме во однос на овој дел,  изјави Спасовски по средбата.

Преку средбите со претставниците од секторите за внатрешни работи и со полициските службеници, според министерот, се дава поддршка и мотив до полицајците, се слушаат нивните проблеми и детално добиваат информации за состојбите од терен и проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

– Очекувам дека ќе почнеме со реализација на одредени проекти за надминување на одредени проблеми и овој тренд што значи поголема безбедност за граѓаните ќе продолжи и понатаму, истакна Спасовски.

На новинарско прашање дали и каде се пронајдени 35.000 лични карти кои се спомнуваат во обвинението во случајот „Титаник“, дали се води истрага за овој случај и дали тие детали се предадени, тој посочи дека штом се споменуваат во овој случај значи дека се водело и се води истрага во Специјалното јавно обвинителство. – СЈО ја води целата истрага и МВР дава апсолутна поддршка и помош во однос на истрагите, рече Спасовски.

Прашан за новата практика за апсењата на МВР без присуство на камери и дали СЈО барало асистенција од МВР за истрагите кои се водат, министерот нагласи дека на Република Македонија и на МВР не им се потребни сензационализми.

– Најдобро е да имаме правилни и темелни истраги да ги расчистуваме ситуациите и слуачите и тоа да се спроведува во рамките на законот, во институциите. Мислам дека нема потреба и немало до сега иако многу често се случуваше да имаме сензацинализам. Сите барања кои се доставени и од СЈО и од Обвинителството воопшто МВР ќе ги извршува своите задачи. Нормално дека и за овие случаи кои се водат пред СЈО, ако бидат барани поддршка и помош од МВР и ќе добијат, изјави Спасовски.

За неодамнешните реакции на струшкиот градоначалник Зијадин Села за безбедносната состојба во Струга, тој оцени дека безбедносната состојба не само во Охрид и Струга, туку генерално во Македонија е стабилна, но оти секогаш може да биде повеќе и подобро.

–  Има тренд на зголемување на ефикасноста во откривање, но и намалување на криминалитетот. Еден од најголемите проблеми се човечките ресурси, значи лимитираниот број човечки ресурси. Ќе мора да има многу повеќе полицајци во МВР и многу повеќе материјално технички средства кои ќе им овозможат да имаат подобра работа, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи претходно ја посети и Полициската станица во Дебар, што е дел од планот за посета на секторите за внатрешни работи и полициските станици во државата каде одблиску во разговор со полициските службеници и нивните претпоставени ги слуша потребите и проблемите што ги имаат со цел да помогнат за подобрување на состојбата на вработените, а со тоа и состојбата на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски