ВИДЕО: Вработени во МВР признале дека незаконски издале 424 лични карти

Од:

По наредба на претпоставените службеници во Министерството за внатрешни работи признале дека учествувале во издавањето на незаконски лични карти со кои се вршеле изборни измами почнувајќи од 2011 до 2015 година. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави дека ќе биде покренат соодветни постапки против вработените во МВР, но и во други институции вклучени во аферата.

-Во мене имам официјални признанија, од одделението за Управни работи при МВР и од надлежниот Оддел за граѓански работи при МВР, дека издавале незаконски лични карти – рече Спасовски.

Тој презентираше документи кои потврдуваат дека се издавани лични карти на лица кои не пријавиле живеалиште и на кои поради тоа не им е издадено решение за живеалиште, како што е пропишано со законот.

-Скандалот со незаконските лични карти завзема огромни размери. Се зголемува бројот на државни органи кои се вплеткани на разни начини во межата на издавање лажни лични карти. Министертвото за внатрешни работи ја интензивира истрагата.Ќе следат соодветни постапки кон лицата во МВР и во другите институции кои ја злоупотребиле својата службена положба против интересите на граѓаните на Македонија. Во меѓувреме ќе отпочнеме и управна постапката, за поништување на овие лични карти коишто се изадени во нелегална процедура и се злоупотребени во изборите – изјави Спасовски.

Тој објави список со име и презиме на 424 лица од Пустец, Албанија, на кои им биле издадени незаконски лични карти. По 20 – 30 луѓе од овие 424 лица, рече тој, се водат на една адреса. Становите во кои наводно живеат овие луѓе, пак, се во сопственост на државата.

– Власта ги сместувала луѓето од Пустец во станови во државна сопственост! Направив проверка во избирачкиот список. Сите 424 лица со незаконски лични карти се наоѓаат во избирачкиот список, што значи им било овозможено да гласаат! Според нивните адреси, сите се гласачи во општина Центар.Направив проверка на едно избирачко место, по случаен избор. Во 2011 година ги нема во избирачкиот список. Избирачкиот список почнува да се полни со овие лица во 2013 година. Во 2014 година се надградува и проширува избирачкиот список со нови лица од Пустец кои гласаат во општина Центар. Кулминација на полнењето на избирачкиот список со лица од Пустец се случува во 2015 година. Сите, освен тројца во истото избирачко место се граѓани од Пустец. Ова покажува индиции за криминал во повеќе изборни циклуси – појасни министерот.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски