Спасовски: Во МВР веќе не се прислушува нелегално

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тврди дека во МВР веќе не се прислушува нелегално и дека за тоа може во секое време да се направат експертски и собраниски контроли.

– Одговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време. Ние стоиме на располагање и сме отворени, врз основа на законските прописи, да се направат такви контроли, вели министерот за Спасовски во интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето зошто МВР поднесе кривични пријави против неколку градоначалници во предизборието, Спасовски одговара дека МВР работи според фактите и аргументите и прашањето е зошто случаите биле чувани во фиоки.

– Министерството за внатрешни работи мора да работи врз основа на факти и на аргументи коишто се утврдуваат во рамките на работењето на овластените полициски службеници и дали е изборен период или предизборен период или постизборен период, ирелевантно е од аспект на правдата и на законитоста. Вие ако го видите извештајот на Прибе, јасно укажува дека не се преземаат доволно мерки коишто би ја задоволиле правдата во Македонија, од тој аспект навистина временски детерминиран систем или модел, кога и на кој начин ќе реагира МВР е ирелевантно. Ние мора да ги утврдиме фактите и доказите и без разлика дали е некој на одредена позиција или е обичен граѓанин, доколку постојат аргументи и факти коишто треба да бидат процесуирани со закон, тоа треба да се направи, вели Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Се поставува прашањето, додава тој, зошто тие аргументи и факти биле чувани некаде во фиоки или не биле процесуирани досега и навистина не може и не се согласувам дека МВР не треба да биде активно и дека не треба да ги спроведува своите овластувања кога било, кога се работи за криминал. Спасов не смета дека ова е против некои функционери или тенденциозно, и оти само се работи за лица кои ги прекршиле законските одредби и кои ќе мора да сносат одговорност.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он