А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Спасовски: Во моментот кога ќе престане вонредната состојба продолжуваат да течат роковите за избори

by А1он12/05/2020 - 19:3812/05/2020 - 19:41771
Share0

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека единствениот правен механизам за одложување на изборите поради коронавирусот била донесената Уредба со која активностите за изборите треба да продолжат во моментот кога ќе биде укината вонредната состојба. Изборите беа распишани и 12 април одреден за нивно одржување, а Собранието распуштено кога поради коронавирусот лидерите на политичките партии се согласија да бидат одолжени.

Добивај вести на вибер

„ Што се однесува до Уредбата, или правниот механизам, таа е сосема јасна. Ние немавме друга правна можност за одложување на изборите освен преку таа Уредба да се стават во мирување сите изборни рокови. Тоа значи дека во моментот кога престанува вонредната состојба продолжуваат да течат роковите за изборните дејствија“, рече премиерот Спасовски.

За изборите денес се разговараше и на лидерската средба во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Премиерот Спасовски рече дека на средбата биле понудени и конкретни датуми во однос на одржувањето на изборите , но на политичко ниво било одлучено разговорите да продолжат следната недела, а во меѓувреме да се обезбедат дополнителни информации.

Меѓу дополнителните информации е и протоколот кој Комисијата за заразни болести треба да го подготви и препорача за начинот на кој ќе се изведе изборната кампања, какви собири ќе бидат забранети, а какви дозволени.

izborioliver spasovski

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен