Спасовски во Чашка: Нашата татковина ќе биде подобро место за живеење

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во текот на вчерашниот ден ги посети граѓаните на општина Чашка.

Спасовски оствари повеќе средби со жиелите на населените места Извор, Теово и Богомила.

„Тешкиот живот ни е секојдневие, се пожалија граѓаните. Немаме основни услови за пристоен живот. Немаме чиста вода за пиење, а најблиската болница е оддалачена 35 км. Замислете, во 21 век да нема вода, па на што личи тоа. Се е јасно, на власта сегашна не и е грижа за нас, рекоа жителите.

Spasovski_Caska 3

Дополнителен проблем претставува земјоделското земјиште коешто им е доделено исклучиво на луѓе блиски на власта и коишто воопшто не се занимаваат со земјоделство.

Иако граѓаните од овие населени места плаќаат Радиодифузна такса, не гледаат телевизиска програма затоа што нема дигитален сигнал за ТВ“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Чесноста и искреноста се клучните вредности коишто новата влада ќе ги поседува. Република Македонија да биде слободна, демократска и просперитетна земја, а сите ние да бидеме еднакви и исти. Недозволиво е нашите граѓани живеат во вака лоши услови, да немаат вода за пиење, да немаат пристап до здравствена заштита, да не можат телевизија да гледаат. Тоа заедно ќе го промениме“, рече генералниот секретар Оливер Спасовски.

Spasovski_Caska 4

„Само заедно и со крената глава ќе се избориме за нашата татковина да биде подобро место за живеење“ додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците