Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува говорницата, дали се сомнева дека Илија Димовски ќе донесе погрешна одлука?

Од:

Реагирам зошто се злоупотребува говорницата. Сведоци сме на разни квалификации, се реплицира за да се исправи нечиј говор, тоа е пропишано и во деловникот, рече Оливер Спасовски од СДСМ.

Тој истакна дека на седницата се разговара за се, освен за комисијата за избори и именување.

– Дали се сомневате дека Илија Димовски ќе донесе погрешна одлука? Ако се сомневате, побарајте од него нека објасни, рече Спасовски.

Илија Димовски реплицираше дека не им требаат часови и лекции од партија која во изминатите 10 години покажала како се блокира Собранието.

– Наша цел е да дебатираме, да дебатирате и вие. Вие сте тие кои криете како работите. Се ќе направиме со цел да предизвикаме дебата, рече Димовски.

Тој кажа дека треба да се има трпение и разбирање и дека не се разговара за избор на комисијата, туку за тоа како треба таа комисија да постапува.

– Пораките од пратениците и членовите се легитимни и треба да се сослушаат. Оние кои не сакаат да слушаат ќе прослушаат. Оние кои не сакаат да дебатираат, ќе почнат да зборуваат, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги