(ВИДЕО) Спасовски: Вербата ја чувствуваме, заедно со граѓаните ја враќаме надежта

Од:

-Помогнете и на Македонија и на сите нас e апелот на граѓаните на Велес и велешко кои се сретнаа со генералниот секретар Оливер Спасовски и со претставници на СДСМ.

Велат секој ден е сé потешко.

-Нé запусти оваа власт. Не можеме крај со крај да врземе.
Низ горчина говорат за искуствата со извршителите кои им го земаат последниот денар.

Населените места Башино село и Горно Оризари немо сведочат за пустината. Оставено на забот на времето е недовршеното училиште уште од мандатот на претходниот градоначаник. Деца малку. Возразни исто така.

Spasovski5

Состојбите на теренот го потврдуваат тоа за што говори генералниот секретар Спасовски.

-600 илјади граѓани, најголем број млади, ја напуштија земјава, затоа што не гледаат перспектива. Ние заедно со вас ја враќаме надежта. Се менуваат работите, а ќе си ги вратиме децата дома, рече Спасовски.

Spasovski4

Тој додаде дека голема сила влече СДСМ од вербата што ја чувствува од граѓаните.

Граѓаните на Велес меѓу кои има и многу стечајци се интересираа за нивната егзистенција.

-Во првите сто дена по промената на власта, ќе го решиме статусот на стечајните работници, одговори Спасовски.

Spasovski2

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во Велес и велешко беше придружуван од претседателот на Комисијата за животна средина Пеце Мирчески, од претседателката на Форум на жени, Цветанка Ласкова и од потпретседателот на партијата, Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби