Спасовски-Варадкар: Ирска останува голем поддржувач на Македонија

Од:

Ирска останува голем поддржувач на Република Северна Македонија и нејзината Влада е подготвена да го сподели искуството како членството во ЕУ и помогна на Ирска да ја развие својата економија да биде меѓу најсилните во ЕУ, и изрази надеж дека истото може да се случи и со Северна Македонија.

Ова, како што соопшти владината прес-служба, го порачал премиерот на Ирска Лео Варадкар во телефонскиот разговор со премиерот Оливер Спасовски.

Премиерот Варадкар упати честитки за работата на Владата во услови на пандемијата со Ковид-19, како и за членството во НАТО и позитивната одлука на ЕУ за почеток на преговорите.

Премиерот Спасовски се заблагодари за искрената поддршка од Ирска и потенцираше дека нашата земја ја очекува преговарачка рамка во јуни, и побара поддршка за побрз почеток на преговорите. Спасовски ја издвои посебната посветеност на Владата кон имплементација на билатералните договори со Грција и Бугарија, кои значително ги подобруваат добрососедските односи и претставуваат позитивен пример во регионот, стои во соопштението.

Двајцата премиери се согласиле дека Самитот Загреб 2020 за ЕУ и Западен Балкан испрати силна порака за поддршка на ЕУ за регионот.

Во телефонскиот разговор премиерот Спасовски му честиташе на колегата од Ирска Варадкар за неговата одлука повторно да ја активира својата лиценца како доктор и да се приклучи кон здравствениот тим на неговата земја за време на пандемијата како гест на силна позитивна порака за посветено лидерство.

Премиерот Варадкар се заблагодари и информираше дека Ирска почнува да ги олабавува мерките, а премиерот Спасовски рече дека и кај нас започнува олабавување на мерките и дека по завршувањето на вонредната состојба, ќе продолжат активностите за спроведување на парламентарните избори, се додава во соопштението на владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито