Спасовски: Трајно решавање на статусот на стечајците во првите 100 дена од новата Влада

Од:

СДСМ и Коалицијата, вечерва во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ги презентираа кандидатите за пратеници од втората изборна единица. Пред присутните се обратија кандидатите за пратеници од СДСМ и носителот на изборната листа, Оливер Спасовски, кои презентираа мерки од програмата „План за живот во Македонија“.

Спасовски рече дека планот предвидува поддршка за домашните компании, младите да отвораат сопствени бизниси, институциите да работат во интерес на граѓаните правда и живот за сите во Македонија. Изборот, рече тој, е едноставен, бидејќи, спротивно од таа визија има затвореност и паника. Граѓаните се повеќе се охрабруваат и се приклучуваат бидејќи, потенцира, ние сме тие кои што ќе создадеме модерна и европска држава.

-За најдобрите бизнис идеи ќе обезбедиме по 10.000 евра неповратни средства за да можат да отворат сопствен бизнис и да вработат други луѓе. Ќе овозможиме отворање на фирма со само едно евро основачки капитал, ќе воведеме поврат на ДДВ и ќе ги намалиме семејните трошоци, за повеќе пари да останат кај граѓаните, истакна Спасовски.

Нагласи дека ќе ја укинат радиодифузната такса, а МРТВ ќе го направат национален сервис со кој ќе се гордееме, трајно решавање на статусот на стечајците во првите 100 дена од Владата, враќање на ефтина тарифа на електрична енергија, воведување на бенефициран работен стаж и за земјоделците и за градежните работници, бесплатно болничко лекување и здравство за сите.

-Помина времето на неодговорно и своеволно владењење, после десет години нема што да ветуваат. Се што остана после нивното владеење се пусти градови и села, рече Спасовски.

На неговиот опонент од втората изборна единица му порача дека нема право да бара довереба ниту во Куманово, ниту во двојката, бидејќи, како што рече, граѓаните овде се научени на прогресија, реформи, револуција и вистинска борба за Македонија.

Пред присутните зборуваше и кандидатот за пратеник Фросина Ташевска Ременски, која посочи дека заедничкиот глас допира до граѓаните кои ја препознаваат искрената битка и заложба за подобро утре, бидејќи овие десет години имале можност да ја направат вистинската разлика, помеѓу, како што рече, оваа ненародна власт и искрено подададената рака за подобро утре.

Пред кумановци зборуваше и Мухамед Зеќири, кој рече дека ВМРО ДПМНЕ нема што да понуди и ги плаши македонските граѓани со федерализација.

-Каква е таа федерализација. Има ли поголем доказ дека Македонија ќе остане една и единствена со листите со кои што, ние од СДСМ настапуваме на овие избори, рече Зеќири.

Дел од мерките опфатени во програмата „План за живот во Македонија“ презентираа и Маја Морачанин, Максим Димитриевски, Курто Дудуш и Мирослав Јовановиќ.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он