Спасовски – Солендил: Потребно е да се засилат безбедносните активности

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Омур Солендил.

На средбата двајцата соговорници разговараа за продлабочувањето на политичката криза во Република Македонија со незаконската одлука на Владата за одземање на надлежностите на министрите Спасовски и Ременски и одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за општо помилување на сите политичари, која предизвика огромно незадоволство меѓу граѓаните, информира кабинетот на министерот Спасовски.

Амбасадорот Солендил го информираше министерот Спасовски за потребата од продлабочување на соработката и засилување на безбедносните активности околу спречување на евентуални загрозувања на безбедносен план што е од интерес на двете пријателски држави.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми