Спасовски: Со членството во НАТО стануваме фактор на стабилност и извозник на безбедност

Од:

Република Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, полноправен член е во најмоќниот безбедносен и одранбен сојуз кој некогаш постоел и е синоним за највисоките демократски вредности,  Почитувани граѓани, денеска со полно право можете да бидете горди зашто сме дел од ова моќно семејство. Како дел од тој безбедносен штит, Северна Македонија станува фактор на стабилност во регонот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина, рече премиерот Оливер Спасовски поладнево на прес-конференција со која беше одбележан успешниот завршен чин за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО.

Ситуацијата со коронавирусот е крајно сериозна, но тоа, рече Спасовски, нема да ги запре големите и значајни процеси што се наши стратешки определби и со соодветно приспособување  на постапките, тие процеси се оставруваат успешно.

-Сите наши партнери и сојузници, сите 29 членки на НАТО и формално ја прифатија Република Севрна Македониај за 30-та земја членка. Вчера Сенатот на Кралството Шпанија само заради оваа причина првпат во својата историја гласаше по електронски пат, со видеоконференција и го ратификуваше Протоколот. Овој чин заслужува честитки и признанија дури и во овие денови на сериозни и тешки предизвици. Ова е голем успех за нашата генерација, во име на сите претходни и во име на идните поколенија, нагласи премиерот на  заедничката прес-конференција со вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Појасни дека ратификацискиот инструмент кој кралот Фелипе Шести вчера го потпиша, истиот ден е депониран во Стејт департментот во Вашингтон, а веднаш потоа ќе добиеме информаија од седиштето на Алијансата во Брисел дека сите ратификации се депонирани и дека може и ние да ја доставиме нашата ратификација. Тоа и официјално ќе биде печат на нашето полноправно членство.

Верува дека членството во НАТО ќе придонесе во остварувањето на нашата втора стратешка цел – членството во ЕУ зашто, рече, постои блиска комплементарност и соработка помеѓу двете организации.

-Ги споделуваме заедничките вредности и сакаме да придонесеме во развојот на таа соработка. Во услови кога современиот свет се соочува со оваа сериозна хуманитарна криза, неопходни се заеднички мерки и градење капацитети. Северна Македонија е одлучна да придонесе за заеднички настап во соработка со партнерите, институциите и агенциите на НАТО и ЕУ, истакна премиерот, додавајќи дека членството во НАТО е реализација на стемежите на сите генерации политичари од различни партии и на сите граѓани од независноста до денес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра