Спасовски се запиша во Книгата на жалост во Германската амбасада

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се запиша во Книгата на жалост отворена во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје по терористичкиот напад во Берлин во понеделникот во кој загинаа 12, а беа повредени 48 лица.

Во Книгата, министерот Спасовски го изрази своето жалење и сочувство до германскиот народ и семејствата на жртвите и испрати желби за побрзо заздравување на повредените.

Спасовски, како што се наведува во соопштението од МВР, го осуди срамниот и кукавички чин и порача дека тероризмот мора да биде победен заеднички со силно партнерство и соработка на сите земји од меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он