Спасовски се сретна со амбасадорот Раковец

Од:

Словенија е подготвена да и обезбеди секаков вид помош на Македонија во справување со приливот на мигранти, во обезбедување персонал или во техничка помош.

Ова денеска го истакнал амбасадорот на Република Словенија во Македонија Бранко Раковец, кој се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што информира МВР, Спасовски ја изразил подготвеноста на македонската полиција за продлабочување на соработката со државите членки на Европската унија, од аспект на добивање на секаков вид на дополнителна финансиска, кадровска и техничка помош.

Ресурсите, како што се наведува во соопштението, со кои располага Република Македонија се ограничени наспроти енормниот прилив на мигранти. Според предвидувањата, се очекува натамошно зголемување на бројот на бегалци.

На средбата министерот Спасовски го информирал амбасадорот Раковец и за тековните активности на Министерството.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена