Спасовски се сретна со новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Која

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денска имаше средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводени од новоименуваниот шеф на мисијата, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата, како што соопшти МВР, особен акцент бил ставен на изработката на низа стратешки документи важни за реформските процеси во рамки на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на развојот на човечките ресурси, стручната и професионална едукација и развојот на полицијата.

Министерот Спасовски и амбасадорот Која разговарале и околу претстојниот референдум и активностите што МВР ги презема во рамки на своите надлежности со цел на 30 септември изјаснувањето на граѓаните да помине во најдобар ред.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он