Спасовски: Размената на информации е клучна за зголемена ефикасност во борбата против актуелните безбедносни предизвици

Од:

Во рамките на Самитот во Лондон што се одржува во рамки на Берлинскиот процес, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше свое обраќање во рамки на сесијата на која се дискутираше за споделување на информации и соработка помеѓу земјите.

Спасовски ја истакна важноста од меѓународната соработка и размената на навремени и точни информации како клучна активност која придонесува кон зголемена ефикасност во борбата против актуелните безбедносни закани и предизвици.

Свесни за ова, институциите надлежни за спроведување на законот во Република Македонија спроведуваат мерки и активности со кои ќе ја олеснат и поедностават оваа комуникација и размената на информации ќе биде искористена во насока на справување со организираниот криминал, тероризмот, но и сите облици на загрозување на сигурноста и безбедноста на државите од регионот. За министерството за внатрешни работи од особена важност е враќањето на довербата и сигурноста кај своите партнерски служби и гаранцијата дека добиените информации ќе бидат соодветно наменети, рече Спасовски.

Земјите учеснички ја потпишаа Заедничката декларација за начелата на размена на информациите од областа на спроведувањето на законот со која се утврдуваат начелата, содржината и целите за размена на специфичните информации.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он