Спасовски: Првпат воведовме тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР

Од:

Првпат воведовме тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР, согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за „Спречување на крупцијата и примовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството. Како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет.

Ова го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет. Тој тест ќе се врши континуирано за времетраење на работниот однос на работникот. Резултатот од тестот може да биде и индикатор за поведување на предистражна постапка. Резултатот може да биде позитивен или негативен. Негативниот резултат е предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основа за поведување на дисциплинска постапка, напиша Спасовски.

Од полицијата со висок интегритет, објави Спасовски, се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од властувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права.

– Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди, напиша на фејсбук министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР