Спасовски: Пропустот за бегството на Груевски да го утврди Обвинителството и да покрене постапка

Од:

Најдобро е пропустот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски да го утврди обвинителството и да покрене постапка, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што изјави денеска Спсовски, тој не се чувствува повикан од ставот во обраќањето на претседателот Стево Пендаровски дека е разочаран што една година по бегството на Груевски, се уште нема извештај од институциите за тоа како избега Груевски.

– Јас не се чувствувам воопшто повикан затоа што начинот на којшто се случи тоа го покажува точно пропустот, но најдобро е тој пропуст да го утврди Обвинителството и да покрене постапка во однос на секој настан кој ќе ни се случува затоа што ако немаме покренување постапки, ако немаме казнивост тогаш може да ни се повторуваат овие дела. За тоа говорам цело време, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на активностите за изградба нанова зграда за Одделот за крим техника при Министерството за внатрешни работи.

Спасовски дополни дека извештајот од внатрешната контрола во МВР за бегството на Груевски е предаден веднаш во Јавното обвинителство и оти на јавноста ќе и бидат соопштени информации кога ќе биде затворена истрагата.

– Истрагите не може да ги водиме во јавност и преку камери, тие се водат во ЈО и кога ќе дојде моментот на затворање на истрагата се соопштува во јавност, наведе Спасовски.

Прашан дали очекува да биде идниот технички премиер, тој повтори дека е подготвен сум да се бори за уште еден мандат на Владата, без оглед на тоа, како што вели, дали ќе биде на одредена позиција или само потпретседател на СДСМ.

– Таа работа никој не може да ни ја земе за да направиме се СДСМ да биде идниот мандатар, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски