Спасовски: „Прирачникот за предавање и учење на холокаустот“ ќе го поттикне автентичното учење за холокаустот

Од:

Премиерот Оливер Спасовски  преку видеопорака денеска се обрати на промоцијата на „Прирачникот за предавање и учење на холокаустот“ за потребите во образованието, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, кој е придружна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот.

– Во 2020 се одбележаа три важни годишнини кои се однесуваат на холокаустот, најголемото злосторство во современата историја на човештвото и најголемата трагедија којашто еден народ – еврејскиот – ја има доживеано, а тоа се 75 години од ослободувањето на најголемиот нацистички концентрациски логор Аушвиц – Биркенау во којшто животот го загубија преку 1.1 милион луѓе, најголемиот број од нив Евреи, 20 години од усвојувањето на Декларацијата од Стокхолмскиот форум со којашто државите потписнички, меѓу нив и Република Северна Македонија, се обврзаа да го негуваат споменот на жртвите на холокаустот и да ги унапредуваат образовните и истражувачки политики на планот на холокаустот, и 15 години од усвојувањето на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со којашто 27 јануари е утврден како Меѓународен ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот, рече Спасовски.

Тој додаде дека одбележувањето на овие годишнини се можност да се потсетиме на сите жртви на холокаустот, меѓу нив, и на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка – трагедија што е длабоко вкоренета во колективната меморија на нашиот народ.

-Нашата политичка и морална должност да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви никогаш да не бидат заборавени, а со цел оваа трагедија никому и никогаш да не се повтори. Оттука и нашата трајна определба никогаш да не ги заборавиме жртвите на холокаустот, но и жртвите на останатите геноциди, да го негуваме и пренесуваме од генерација на генерација споменот на нив, да ги учиме младите генерации за она што се случи со цел никогаш, никаде и никому да не се повтори, рече Спасовски.

Активностите на Владата, вели, покрај политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, вклучуваат и мерки во борбата со антисемитизмот, негирањето и против обидите за искривено толкување на холокаустот, дискриминацијата, говорот на омраза, расизмот и другите форми на кршење на човековите права.

– Бевме меѓу првите земји кои ја усвоија работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА за антисемитизмот. На 10 март 2020 година Владата го задолжи Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, во рок од три месеци да го преведе документот „Препораки за предавање и учење за холокаустот“ на ИХРА. Препораките се сега преведени и спремни за употреба, потенцира тој.

Препораките, вели, ќе помогнат да се развие знаење за холокаустот, со гаранција за точноста во индивидуалното разбирање и знаење, како и зголемување на свесноста за можните последици од антисемитизмот, ќе се создадат средини за учење кои ќе поттикнуваат да се учи за холокаустот, кои ќе помогнат да се спротивставиме на негирањето на холокаустот и на негова релативизација, ќе биде значаен придонес кон образованието за човекови права и превенција од геноцид. Препораките, според него, помагаат на правилен начин да се учи за холокаустот, со предлог за практични пристапи и методи кои се корисни за тоа во формалното и неформалното образование.

Спасовски е уверен дека овој прирачник ќе го најде своето место во образовниот систем на нашата земја зашто поуките од холокаустот остануваат поуки за сите генерации за борба сон антисемитизмот, негирањето и искривоколчувањето на холокаустот, говорот на омраза, дискриминацијата и сите останати форми на кршење на човековите права.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски