(ВИДЕО) Спасовски: Зголемени активности за подобрување на безбедноста на граѓаните

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја посети Полициската станица во Кисела Вода во рамки на реализација на планот за посета на ПС во Скопје.

Од страна на командирот на ПС министерот Спасовски бил информиран за преземањето активности, за степенот на криминалитетот, за превенцијата, но и за проблемите со кои се соочуваат како што се просторното сместување и техниката.

Според Спасовски, има проблеми во делот на малиот број полициски службеници кои работат во ПС и затоа се настојува да се врати позарникарската служба во Скопје, а потоа и во РМ. Но, за тоа треба поголем број полицајци. На подрачејто на ПС Кисела Вода, информира, најголем процент се имотно-правните деликти.

– Се зголемува и процентот на реализација. Многу е важно превентивно да делуваме, а за тоа е најзначајно да имаме позарникарска служба. Имаме подобрување, но тоа е далеку од очекуваното и потребното. Ќе се направат сите можни активности овие проценти да се зголемат и да се зголеми безбедноста на граѓаните, иако безбедноста на граѓаните на Скопје е стабилна, нема поголеми нарушувања, но секогаш може подобро, изјави министерот Спасовски по посетата на ПС Кисела Вода.

На новинарско прашање дали е вистина дека немало налог за приведување на градоначалникот на општина Пустец Едмон Темелко, министерот Спасовски истакна дека активностите кои се спроведуваат во однос на оперативната акција „Титаник“ ги води Специјалното јавно обвинителство и е постапено по нивна наредба.

– Се што е преземено, е преземено врз основа на наредба на СЈО, одговори министерот за внатрешни работи.

Прашан зошто е приведен Темелко, а не и останатите осомничени, Спасовски упати на одговор до СЈО бидејќи, посочи, тие ја водат оперативната акција.

На прашањето дали заврши вештачењето на панцирите пронајдени во „фабриката на афери“ на Чаушот, тој рече дека се работи на таа истрага, но за подетални информации упати во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Би можело да ве интересира

МВР: Откриено е лицето кое упатило закани кон судија на Уставен суд

Горан Наумовски

Панче Тошковски по 25 дена се врати во министерското столче во Внатершни работи

Катерина Ѓуровски

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

Моторџии возеле без кацига и без дозвола, за еден ден казнети 185 возачи на мотори

А1он

Полициска акција во Скопје, приведени 28 дилери

Назим Буши од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Анита Петровска Рајковиќ