(ВИДЕО) Спасовски: Покрај неразумните барања, прифативме претседател да биде од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Постигната е согласност за состав и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувања, иако постоеја неразумни барања кои беа поставени од ВМРО-ДПМНЕ, ние прифативме претседател на Комисијата да биде од ДПМНЕ се со цел да се откочат процесите во Република Македонија, да профункционираат демократските тенденции, граѓаните да не бидат заложници на било кои политичари или политички партии, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски додавајќи дека целта е на тој начин да се стави во функција Собранието на Република Македонија како највисок претставнички дом на граѓаните во РМ.

-Сметам дека ова е потребно и добро затоа што најмногу штета трпат граѓаните на Македонија, исто така штета трпи и економијата. Да создадеме услови да ги откочиме можностите граѓаните, земјоделците, работниците да си ги остварат своите права и да ги добијат парите кои што им следуваат како субвенции и на тој начин Македонија да почне да чекори напред кон просперитет и поинаков начин на функционирање, рече Спасовски.

Како што кажа тој, денеска ќе биде доставен предлог до Собранието за Комисијата за прашања на изборите и именувања да биде формирана на конститутивната седница закажана за понеделник.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет