ВИДЕО: Спасовски откри дека МВР издавало незаконски лични карти на гласачи од Пустец

Од:

Министерот за внатрешни работи, Олиевер Спасовски, обелодени дека пред локалните избори во 2013 година МВР издавало лични карти без валидна документација и дека овие лични карти се заведени во избирачкиот список. Од 22 лица, за кои е потврдено дека незаконски им било издадена лична карта, најголемиот број се жители на Пустец, рече министерот.

На овие лица, појасни тој, МВР им издало лични карти иако немале документ и решение за живеалиште.

-Решение за живеалиште е клучен документ без кој не смее да биде издадена лична карта. Комплетната документација вклучува теренска проверка каде тоа лице живее и на која адреса, документ од имотен лист или договор за закуп. Ниеден од овие 22 лица нема ниту еден од овие документи. Нивните лични карти со кои имале право да гласаат, се издадени целосно незаконски. Едно лице од вкупно 22 воопшто не поседува лична карта, а постои во избирачкиот список, што значи дека гласало. Ова докажува дека се правени злоупотреби со лични карти и дека брутално се злоупотребени законски одредби за издавање лична карта. Се потврдува она што го кажав вчера дека само инстуциите на државата ги имаат личните податоци на граѓаните – изјави Спасовски.

Ова потврдува – рече тој – дека МВРО на чело со Гордана Јанкуловска издавало и печатело незаконски лични карти со што незаконски овозможиле да гласаат лица кои немаат право да гласаат.

-Ова е вистината што треба да ја дознаат граѓаните и веројатно ова е стравот на власта – додаде министерот.

Истрагата, рече тој, се води во Министерството, а проверените лица се од листа на имиња што Спасовски ја доставил по случаен избор. Прибавените документи ќе му бидат доставени на специјалното јавно обвинителство кое ги истражува наводите за изборен фалсификат.

Спасовски посочи дека ќе бидат отворени постапки против лица вработени во Министерството доколку се утврди нивна вмешаност во аферата.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски