Спасовски, Османи, Филипче и Адеми ја посетија Кумановската болница

Од:

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска остварија средба со епидемиолозите и директорката на Општата болница во Куманово Снежана Захариева.

На средбата беше разговарано за моменталната состојба во болницата и беа разменети искуства за надминување на тековните проблеми.

Премиерот Спасовски истакна дека во Куманово е остварен најголем процент на направени тестови.

„Со континуираните заложби што ги прават лекарите и медицинскиот персонал во болницата, заедно со епидемиолозите во Центарот за јавно здравје во општината и матичните лекари, ќе успееме да застанеме на патот на ширењето на вирусот. Уште еднаш апелирам да се почитуваат препораките за физичка дистанца, особено зашто ни претстојат Велигденските празници. Така најмногу ќе му помогнеме и на здравствениот персонал во Куманово кои се во првите редови во справувањето со коронавирусот “, истакна во својата изјава за медиумите премиерот Спасовски.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче рече дека Куманово се издвојува со зголемен број дијагностицирани пациенти во последните неколку дена, но дека вработените во болницата се на висината на својата задача и врвно ги извршуваат своите обврски, иако има одреден дел и од здравствените работници.

„Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите до сега покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните“, соопшти во изјавата министерот Филипче.

Премиерот Спасовски и министерот Филипче упатија честитки за досегашната работа на целиот тим во болницата за досегашното успешно справување со коронавирусот, и истакнаа дека од средбата заминуваат со сознанија кои ќе помогнат како да се постигне поголема ефикасност во справувањето со епидемијата во општината, како и за дополнителните можности за зајакнување на персоналот во

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски