Спасовски: Опаѓа криминалитетот во Македонија, но за 111 отсто повеќе има злоупотреба на службената положба на функционери

Од:

Генерално, во Македонија криминалитетот има стапка на опаѓање, но за 111 насто имаме зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Прилеп каде безбедносната состојба ја оцени како стабилна.

– Стабилна е безбедносната состојба во Прилеп и во регионот. Имаме опаѓање на криминалитетот и на целата територија на државава, што значи ефикасни се оперативните дејства на полицијата, но евидентно е зголемувањето, за 111 проценти на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ на целата територија на Македонија. За тоа треба да се замислат сите функционери во државава. Тоа не смееме да го дозволиме бидејќи станува збор за средства на граѓаните. И самите знаете дека Прилеп е еден од градовите во кој оперираат групи, и не само во него, туку и во Македонија и на пошироките балкански простори и за тоа имаме посебен пристап. Но, генерално, има опаѓање на сите видови криминалитет. Сакаме да бидеме транспарентни. Мораме да ги јакнеме капацитетите на МВР, технички и човечки, се со единствена цел, граѓаните да бидат безбедни, изјави Спасовски.

Според Спасовски, во МВР се размислува и се прават анализи, Полициската станица во Прилеп да прерасне во Сектор за внатрешни работи

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка