Спасовски: Оние кои имаат забрана не можат да ја напуштат државата

Од:

Во моментот кога ќе ги добиеме одлуките од судот ние ќе постапиме како МВР. Мора да постапиме врз основа на акт, врз основа на налог, врз основа на решение кое ќе го носи судот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа што е преземено во врска со тие мерки каде одредени колеги од одредена полициска единица можат да влијаат врз сведоците кои се во истата единица.

Во моментот кога ќе ги добиеме решенијата, посочи, МВР е подготвено да делува 24 часа врз основа на судските одлуки.

Тој рече дека постојат лични податоци на граѓаните кои се декларирани во системот на МВР.

– Оние кои имаат забрана нема да можат да ја напуштат Република Македонија без разлика дали имаат пасош, дипломатски пасош или лична карта, додаде Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на проектот „Добредојде бебе“.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена