Спасовски: Одредени активности на МВР, една од основите дали некое лице ќе добие безбедносен сертификат

Од:

Безбедносните сертификати ги издава Дирекцијата за класифицирани информации, но клучна улога има Агенцијата за национална безбедност која ги цени сите аргументи и факти пред се како докази што доаѓаат и од страна на МВР. Тоа е нивна надлежност, а секако дека одредени активности што се превземаат редовно во МВР е една од основите за носење одлука дали некое лице ќе добие безбедносен сертификат или не.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарското прашање денеска на прес-конференција дали МВР има ингеренции во соработка со Агенцијата за национална безбедност да проверува зошто две лица не добиле НАТО безбедносни серификати.

– За нас е многу важно да ги почитуваме тие стандарди затоа што градење на партнерски односи, јакнење на доверба во НАТО Алијансата нема ако нема кредибилни партнери, кредибилни соработници со кои можете да работите. Многу е важно граѓаните да знаат дека посебно во безбедносниот сектор мора да имаме луѓе што се чисти, луѓе кои мора да бидат подредени на интересот на граѓаните и државата, а не на свои некакви лични интереси кои се базираат на политички, бизнис или какви било други релации, изјави министерот Спасовски на заедничката прес-конференција со неговиот колега од Црна Гора, Сергеј Секуловиќ, по денешната работна средба.

На прашањето до каде е постапката за ветингот во МВР, министерот Спасовски информира дека ќе се продолжи со прочистување во сопствените редови.

– Сметам дека сите оние што имаат допир со какви било би рекол криминални активности, структури, не можат и не смеат да бидат дел од МВР ако сакаме да имаме сериозна борба против организиран криминал и корупција. Ние ќе опстанеме максимално на овој процес, истакна Спасовски.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски