Спасовски од Радовиш: Во недела да се избориме за подобар живот на сите

Од:

Кандидатите за пратеници од Радовиш и Конче, денеска заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, се сретнаа со граѓаните од радовишкиот регион.

Во недела да се спротивставиме на диктатурата, на режимот, кој ни го остави тутунот дома и не остави без леб. Да не дозволиме да продолжат да не задолжуваат ниту денар повеќе, доволно сме осиромашени. И да ги потсетиме дека има разлика, ние градевме држава, а тие барок и бродови на суво, рече кандидатот за пратеник од Радовиш, Милева Ѓоргиева.

Во Конче имаме тежок економски и социјален живот. Живееме во време кога владата ветува економски бум, а таа создаде сиромашен народ, кој се мисли како ќе го преживее денот. Затоа, нашата програма предвидува враќање на средната класа, инвестирање во иднината на младите. Време е да се стави крај на поделбите, со градење на фер и правично општество, рече кандидатот за пратеник од Конче, Благој Илиев.

Откако жителите од овој регион своите маки ги споделија со генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, тој им порача дека првиот чекор на СДСМ ќе биде искоренувањето на неправдите што власта на Груевски им ги направи на земјоделците.

Ќе ја субвенционираме нафтата за земјоделската механизација, со која земјоделецот ќе може лесно и навремено да ги извршува сите потребни агротехнички мерки на поле и постбербени операции. Поевтината “зелена нафта“ за земјоделците ќе биде посебна субвенција, чија висина ќе зависи од големината на површината во хектари, рече Спасовски.

Во недела гласаме за промени за нов почеток, гласаме за претседател кој што го немавме пет години. Запомнете, зад параванот сте сами и вие одлучувате, рече Спасовски.

10259911_274453242732306_9151228891929077858_n

10175025_274450809399216_4826640739819401638_n

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат