(ВИДЕО) Спасовски: 15 нерасчистени случаи за напад врз новинари, намерно не било постапувано на време

Од:

Во периодот од 2013 година до јуни 2017 година до МВР се поднесени вкупно 47 пријави од граѓани или медиуми кои однесуваат на физички напад врз новинари, загрозување на сигурноста во вид на закани од секаков вид или говор на омраза. Од овие 47 пријави нерасчистени остануваат 15 случаи, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по направените анализи во МВР.

Според министерот за внатрешни работи најголем проблем преставува тоа што во одредени предмети пропуштени се дејствија и постапки кои требало да бидат преземени во кратки интервали за да се добијат валидни резултати, а исто така постојат согледувања дека во одредени предмети недостасуваат и докази или одредени елементи кои во рамките на истрагата би допринеле за откривање на сторителите.

Најголемиот дел од овие пријави се на подрачјето на Скопје – 29, потоа на подрачјето на секторот за внатрешни работи Охрид-14, 2 поплаки се евидентирани во Струмица и по една во Штип и Битола.

-Во врска со овие случаи министерството поднесе кривични пријави против 5 сторители за основано сомнение дека сториле 5 кривични дела од кои 3 дела насилство и по едно кривично дело затајување и изнуда. Во 5 случаи се поднесени барања за воведување прекршочна постапка, додека пак за 2 од вкупно 47 случаи констатирано е дека нема елементи за прекршок, за 7 случаи е изречена мерка предупредување, а за исто толку случаи доставени се известувања до јавните обвинителства додека пак 15 случаи се нерасчистени, вели Спасовски.

За периодот од јуни 2017 година до денеска според МВР, регистрирани се 12 напади врз новинари од кои 5 на подрачјето на Охрид, 4 во Скопје, на подрачјето на СВР Велес 2 случаи и еден настан во подрачјето на СВР Штип.

Како што вели министерот за внатрешни работи, постапувано е по сите пријавени случаи и поднесени се 2 кривични пријави за 2 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство и загрозување на сигурноста. Во 3 случаи поднесени се барања за воведување на прекршочна постапка против 6 лица.

-Неприкосновеноста во професионалното и непречено извршување на новинарските задачи за жал од пред неколку години стана проблем, причините ни се познати на сите, но она што во овој момент е важно и што треба да го имате во предвид е решеноста на МВР таквата наметната општествена појава за која бевме критикувани од мноштво релевантни домашни и странски институции да биде анулирано, вели Спасовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он