Спасовски очекува доколку имало каков било пропуст во акцијата во Арачиново и Грчец Обвинителството да ги најде виновниците

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција повтори дека акцијата во Арачиново и Грчец е истрага целосно водена од Обвинителството за организиран криминал и корупција и потенцира дека немало ваква акција после 30 години, во која се уапсени 22 лица за недозволена трговија и шверц со дрога и оружје.

Спасовски очекува дека Обвинителството ќе најде начин доколку има каков било пропуст да ги најде виновниците и тие да си сносат одговорност за тоа.

– Ако ги погледнеме резултатите јануари-март 2020 година и јануари – март 2021 година, тоа се два периоди во кои раководат двајца различни министри со МВР. Во јануари – март кога раководеше министер од ВМРО – ДПМНЕ вкупно детектирана и запленета дрога е 14,8 килограми. Сега во овој момент детектирани и запленети се 558 килограми дрога. Тоа јасно покажува каква е определбата во однос на недозволената тргоција со дрога и со оружје, изјави министерот Спасовски.

Во однос на трговијата со оружје, информира Спасовски, минатата година има запленето само едно парче оружје и нешто муниција, како што рече, додека оваа година за овие три месеци имаме 10 парчиња оружје и неколку стотици парчиња муниција, што се запленети.

– Ќе продолжиме не само овие криминални групи, туку и сите други криминални групи што се занимаваат со каква било недозволена трговија и шверц, со дрога, оружје да бидат изведени пред лицето на правдата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват