Спасовски: Нема ситни и крупни риби, најмногу внимание треба да се посвети на високата корупција

Од:

Нема ситни и крупни риби, има оние што се криминалци и оние што не се, меѓутоа секако дека најмногу треба внимание да се посвети на високата корупција, на оние луѓе кои се вклучени во институциите на сиситемот и кои практично соработуваат со оние, што ги нарекувате ситни риби.

Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната акција на Финансиската полиција во која беа беа приведени дваесетмина бизнисмени и сметководители, кои незаконски го оштетиле државниот буџет за над еден милион евра.

Очекувам, потенцира Спасовски, дека ќе имаме се повеќе вакви истраги и се повеќе ќе има детекција на таков криминал и со тоа директно да покажеме ефиканост во борбата против криминалот и корупцијата

– Вчерашната истрага, колку што видов, се работи за фирми, што за еден милион евра ја оштетиле државата. Секако дека таквите истраги продолжуваат и во овие органи и во МВР и секаде каде што има каква било поврзност, со било кој што е вклучен, дали е тоа во админситрација, или раководен орган итн… треба да се завршуваат до крај, рече министерот за внатрешни работи Спасовски.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски