Спасовски: Нема да играме политички пинг-понг со Велјаноски

Од:

Претседателот на Собранието продолжува да манифестира недемократски капацитет, реагира СДСМ.

Не може, изјави Оливер Спасовски, координативните средби да се над Законот за Собрание.

„Нема да играме политички пинг-понг со Велјаноски. Нека престане да биде заштитник на Владата.Не го прифаќаме условувањето, надзорни расправо, мора да има“, изјави Спасовски.

Инаку во ниту еден од 33-те чекори, донесени во соработка на сите партии и НДИ, нема предвидено дека еден од нив се координациите кај спикерот.

Во Законот за Собрание, член 24, став четири стои дека спикерот, со потпретседателите и со ко­ор­ди­на­то­ри­те на пратеничките групи прават годишна проекција за бројот на над­зор­ни­те расправи, согласно средствата и условите на Собранието.

Опозицијата го потсетуваа Велјаноски да го прочита членот 21 став 3, во кој стриктно стои-„ Доколку 15 пратеници во писмена форма побараат одржување на надзорна расправа, преку претседателот на Собранието до претседателот на работното тело, тогаш претседателот на работното тело е должен веднаш да свика нејзино одржување“.

Значи велат од опозицијата закажувањето или не, не е по кеиф на Велјаноски, и дека не треба да ги меша расправите кои треба да бидат политички испит на работењето на Владата, со координациите, на кои не доаѓаат, поради како што велат негаторскиот и потценувачки однос на собранискиот претседател.

“Ќе побараме расправа и одговори за тоа колку пари им должи Владата на фирмите, кол­ку и како се трошат парите во проектот ‘Скопје 2014′, на кој начин се зло­у­пот­ре­бу­ва социјалната помош на најсиромашните граѓани во партиско-изборни це­ли, зошто граѓаните добиваат катастрофални здравствени услуги во пре­за­дол­же­но­то јавно здравство, како и за што се трошат народните пари во УБК, ќе по­ба­ра­ме одговори какви мерки презело МВР во случајот Љубе Бошкоски”, изјави мината недела Игор Ива­нов­ски.

Опозицијата веќе ја подготвува , првата надзорна расправа на тема „ Злоупотреба на парите за субвенции“. За утре е закажана седница на Комисијата. Доколку се одбие предлогот, тогаш со 42 пратемички потписи ќе бараат Велјаноски преку претседателот на Комисијата да закаже веднаш надзорна расправа.

 

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски