(ВИДЕО) Спасовски: Нема акција во кумановско, да не се создава непотребна паника

Од:

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од пред полициската станица во Матејче порача дека синоќа немало никаква полициска акција, а полициското засилување е само превентивно делување поради мигрантската криза и обидите за илегални премини.

-Имаме зголемено присуство на терен зашто во овој период ќе имаме предизвици и тука и во регионот поради бегалската криза. Затоа е зголемено присуството овде. Не би сакал да се создава фама и страв кај населениот зашто нема потреба за таква работа, имаме соработка со населението во овој регион и сите треба да бидат спокојни зашто МВР ги презема сите мерки што се потребни, рече Спасовски.

spasovskiaracinovo (1)

-Синоќа немаше акција, имавме зголелемо присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме, а кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор, зашто е северен дел од границата, имаме често илегални преминувања, знаете дека имавме влез на мигранти и претходно преку оваа граница, рече Спасовски.

Безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија ги оправдуваат сите средства кои ќе се применат. Сите информации и контакти вчера беа дадени, и затоа сум денеска тука, да разговараме, за да се смират тензиите и да не се создава паника.

-Министерот на прашањето дека имаше информации во некои медиуми дека полициското засилување е поради влез на вооружена група од Косово, кажа дека тоа не е точно.

spasovskiaracinovo (2)

-Тоа се шпекулации дека влегла група, сето што го кажав претходно а се однесува во рамките на превентивното делување е целта на ова полициско зајакнување, рече тој.

Тој кажа дека немало никакви претреси, и дека засилените полициски контроли се поради бегалската криза и можното нарушување на состојбата со обидите за илегелано преминување и криумчарење на мигранти.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно